Средношколци, светевте!

Драги средношколци и студенти!
Денес заслужувате поема, есеј, песна!
Денес ја заслужувате најсилната прегратка,
од родителите, од соседите, од професорите, од сограѓаните, од мене!

Денес не знам дали сонцето го направи вашиот марш поубав но чинам обратно беше – го направивте овој сончев ден, убав сончев светол ден! Му се придруживте на сонцето. Светевте!

ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА ТОА ШТО:

Во вашите говори главната порака беше КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ – центарот на едно здраво општество!

Вие сте оние кои го кренаа гласот за квалитетно образование, иако и ние во нашите средношколски денови го посакувавме.

Им покажавте на голем број сограѓани дека политика не се бистри во кафана – политика е умно обмислена конкретна акција!

Стоевте ученици од сите етнички позадини ЗАЕДНО, и се обраќавте до СИТЕ, со една порака!

Вие сте прекрасни, организирани, водите ред за МИР, организација, планирате, реализирате, поставувате темели на нашево хаотично општество!

Вие порачавте дека сакате да живееме тука, ДОМА, да градиме заеднички ДОМ!

После вас и студентскиот пленум никој во оваа држава не може да повикува на насилство, омраза, заспаност, медиокритет, инертност, неутралност и “баш ми е гајле”

Пративте безвременска порака дека ова општество САКА, МОЖЕ, ТРЕБА да биде подобро.

Вие сте имуни на ниски удари и застарени политички калкулации и манипулации

Не сте од оние кои примарно копнеат по МИТОТ за стабилна административна работа. Вие сте идни успешни НАУЧНИЦИ, ИНЖИНЕРИ, ЛЕКАРИ, БОРЦИ ЗА ПРАВДА.

Затоа што вие сте ИНТЕЛЕГЕНТНИ! Затоа што вие барате и од себе и од ова општество повеќе! Затоа што вие сте дефиниција за напредок!

Јас срдечно ве поздравувам и поддржувам!

20150423_134839

Leave a comment